Каков белег имате? Белезите на телото се од насилна смрт во претходниот живот?


Дали белезите на нашето тело од раѓањето се доказ на насилна смрт од претходхиот живот ?

Reincarnation-birthmark-3Во некои кутури се верува дека сите белези на нашето тело ,вклучувајќи ги и бемките, се показатели кои се однесуваат на настани од нашите претходни животи. Во некои култури луѓето ги обележуваат починатите со паста за да ги препознаат кога тие ке се реинкарнираат. Односно каде на телото и во кој облик се мачка пастата е различно кај секој покојник – а кој има таков белег по раѓањето се смета дека е реинкарнација на покојникот кому таков белег му бил ставен пред погребот.

Д-р Иан Стивенсон,чија работа ја продолжува Д-р Џим Такер,извршиле истрага на 210 случаи на деца со бемки или лузни и други недостатоци на телото што се поврзани со спомени од минатите животи . Еве неколку примери на бемки и лузни поврзани со минатиот живот изучувани од страна на Стивенсон.

Едно момче родено во Индија , без прстите на десната рака се присетило дека во неговиот претходен живот бил исто така момче кое ги загубило сите прсти во несреќа со машина за сецкање на храна.

Карен Kубицки објавила фотографија од себеси во средно училиште со белег околу нејзиниот врат и фото од себеси после неколку години без тој белег. Таа во 2011 година се присетила дека во претходниот живот била жена по име Хелен , која била погодена од заскитан куршум во вратот и починала во 1927 година. Местото каде што се наогал белегот на Карен било местото каде што заскитаниот куршум ја усмртил Хелен. Откако ја добила оваа визија,белегот постепено почнал да исчезнува.

Reincarnation-birthmark-2Друго момче,Маха Рам од Индија, се присетило дека во претходниот живот било убиено со пушка во градите,токму онаму каде што се наоѓал неговиот белег. Тој се присетил на толку многу детали од неговиот претходен живот,со што Стивенсон успеал да го најде извештајот од обдукцијата на човекот кој Рам тврдел дека некогаш бил. Зачудувачки биле резултатите на ова истражување,бидејки на истото место каде што малиот Рам ги имал белезите биле и раните од куршумите на човекот,и изгледале идентично.

Една стара жена починала во Тајланд со желбата да се прероди како момче.Како што налагала традицијата,нејзината ќерка го натопила прстот во бела паста и кога требала да го одбележи телото,одбрала да го обележи задниот дел на нејзиниот врат.

Не долго по смртта на жената , ќерката родила син со бела ознака на задната страна на вратот што била идентична како ознаката со бела паста која таа ја нацртала на телото на нејзината мајка.

Reincarnation-birthmarkКога момчето станало доволно возрасно за да зборува , тоа упорно тврдело дека предмети кои припаѓале на неговата баба дека всушност се негови како и дека тие отсекогаш биле негови. Ова е еден од многуте случаеви за кои раскажува Д-р Такер.

Во нашата култура пак народот тргнува од сосем друга гледна точка кога станува збор за белези,а реинкарнацијата е исклучена од опцијата како нешто што е воопшто возможно. На Балканот веќе со векови стои верувањето дека белегот е всушнот поврзан со однесувањето на мајката во текот на бременост. Односно народот вели дека доколку таа украла нешто или земала нешто без дозвола,првото место каде го допрела своето тело е местот каде што бебето го има белегот. Формата на белегот е всушност формата на украдениот предмет..На пример доколку таа украла слива,белегот на бебето ке биде во форма на слива.

Tags:

Катерина Ристовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1