Антикорупциска отвара постапки за петмина судии на кои ќе им ја проверува имотната состојба. Меѓу судиите се Владимир Панчевски, Александра Зафирова, претседателот на Врховен Суд Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ Костова.
Софија Лаличиќ Костова е судија во Кривичен, а беше наведена во Извештајот на СЈО и обвинета дека е една од судиите кои извршувале нарачки и дека била избрана незаконски.
ЕМагазин објавува што пријавила во имотниот лист.
Имено, судијата Лаличиќ пријавила стан во Скопје од 62 метри квадратни, проценет на 4,2 милиони денари. Вози Нисан, а пријавилаи акции и заем од 494.000 денари чие враќање е годинава.