Ако се пребарува името на Стево Пендаровски ДКСк излегуваат дури дваанкетни листа. Првиот е додека бил пратеник во собранието, вториот е функцијата која ја има и во моментов, Национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО. Телма ги спореди двете имотни состојби на Пендаровски. Разлика речиси и да нема. Пендаровски како свој имот има југо темпо 1.1 старо дваесет години, проценето на илјада евра. Недвижнини нема. Како негов личен имот тој уште пријавил и заштеда од 12 илјади евра кое како што пишува е се стекнати со наследство. Сопругата пак на Пендаровски вози Рено меган од 2005 та, а има заштеда од 3 илјади евра. Друго семејството Пендаровски не пријавило, пренесува Телма.
Нешто повеќе од Пендаровски, пријавил Река. Тој е исто така универзитетски професор, но бил и амбасадор во мисијата на македонија во европската унија, па неговиот анкетен лист е зачуван во антикорупциската. Река има куќа во скопје од 200 квадрати, вредна околу 200 илјади евра. Вози ауди а3 од 2007 проценето на околу 20 илјади евра. Платата не Река како амвасадор била 2 илјади евра, а надоместокот за сопругата на амбасадорот 520 евра. Но Река има и заштеда но и кредити. Орочениот депозит е 38 илјади евра, додека двата кредити му изнесуваат околу 30 илјади евра земени 2005 та и 2007 ма.
И Гордана Силјановска Давкова, била дел од Влада, министер од 92 та до 94 тата. Во ова времеа функционерите немаа обврска да ги пријават своите имоти. Поради ова нејзината имотна состојба за сега останува непозната. Но оној кој ќе победи на претседателските избори ќе мора да даде отчет со каков имот доаѓа на функцијата но и со каков ќе замине. А таква обвска ке има и актуелниот претседател Горге иванов кој во моментов пред антикорупциската пријавил, стан во скопје кој е на сопругата Маја, која во банка има околу 2 илјади евра. За разлика од неа претседателот Иванов заштедил околу 35 илјади евра а на платежната картичка има повеке од 4 милиони денари или 65 илјади евра. И синот на иванови има трансакциска сметка, таа тежи околу 35 илјади евра. Антикорупциската комисија е онаа која ќе треба да истражи за сегашниот но и идниот претседател со колку дошол на функција а со колку ке замине. Задача и е да открие дали има сомнително богатење во време додека еден функционер располагал со мок и пари на граганите.