Каков подарок ви дале – таков карактер се


Сезона на подарување е, но научниците велат дека подароците и не се така случајно одбрани, односно многу говорат за карактерот на човекот кои ги дарува.

Пример парфем од позната личност, вратоврска или кошула упатуваат на незаинтересирана личност која не потрошила многу време да бара подарок за вас. Или пак купувала во последен момент, а не ве познава баш добро.

Hands holding a gift box isolated on black background

Личност која сака да се натрпеварува ќе купи нешто скапо, но секогаш инсистира веднаш да видите што скапо ви купиле и очекува кога ќе го отворите подарокот да покажете ,,јасно и гласно,, колку сте пресреќни и воодушевени. Ќе се навреди ако не покажете ,,доволно,, радост. Според научниците станува збор за компензација за несигурноста и стравовите кои таквата личност ги има.

Егоистот ќе ви подари нешто што и самиот сака да го добие и со самиот факт што тој го сака значи дека е многу добар подарок, па однапред е сигурен дека мора да ви се допадне. Пример – добивате подарок го отварате а не сте сигурни за што точно служи – реакцијата на егоистот ќе е малку понижувачка во стилот ,, не ме зезај дека незнаеш што е ова, па сите нормални знаат ( мислејќи на себе) овие лица купуваат и провокативен веш за своите девојки – т.е за себе, или пак цд од неговата омилена група на својот пријател без да се секира дали пријатолот сака таква музика. Бидете сигурни дека таа личност е заинтересирана само за себе.

Бунтовниците обично нема да ви подарат ништо освен приказна кога другите ќе ви дадат подароци дека тие не сметаат дека за нова година треба да се троши на поклони, дека тоа е бесмислено, глупост и така натака. Со овие лица најдобро е да имате меѓусебен пакт за ,,непоклонување,, за да не се чуствувате глупаво ако вие му купите подарок а тој вам не.

дволичните луѓе купуваат подароци кои ја истакнуваат слабоста или маните на лицето кое му даруваат. Пример на другарка им подаруваат книга за слабеење, или странски речник доколку претходно ве зафркавал за вашиот англиски или француски.

За крај се секако романтичарите – тие одамна запомниле што треба да ви поклонат за да погодат во ,,срж,, што ви треба или на што сте воздивнувале.
уживаат додека со денови го одбираат вашиот подарок, го виткаат и сакаат искрено да ви го купат токму она кое навистина ќе ве развесели, битно им е да се насмеете а вашата реакција да биде во стилот ,,како знаел,, овие лица дури и со изборот на подарокот покажуваат дека се грижат за вас и вашата среќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1