Социјалната мрежа Фејсбук воведе нови опции за одредување на родот на корисникот.
Освен машки и женски род, корисниците ќе може да одберат и трета опција „кастм“ во рамките на која има околу 50 дополнителни опции.
Корисниците може да се дефинираат како трансродови, интерсексуални, родофлуидни и многу други.
– Кога ќе дојдете на Фејсбук да се поврзете со луѓе и организации, ние сакаме да се чувствувате добро и да бидете тоа што сте, вистинските вие, се наведува во соопштението на „Фејсбук“.
Опцијата моментално е активна во САД, додека корисниците во останатите земји може да ја одберат „кастм“ и сами да допишат опција.