Каква е состојбата на детето кое се бори за живот?


Детето било во автомобилот „фолксваген“ кој попладнево излетал од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес.

brza pomos

Седумгодишното дете со возило на Брзата помош околу 16 часот било донесено на Ургентниот центар. Со сериозни повреди на главата и нозете во тешка состојба е хоспитализирано на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување каде лекарите се борат да му го спасат животот. Другите тројца повредени во сообраќајната несреќа на влезот во Велес се млади на возраст меѓу 18 и 20 години, објави zdravstvo 24.

Сите тројца се задржани на лекување во Велешката болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1