Каква зима ќе има годинава во Македонија – тримесечна прогноза


Блага и просечно влажна зима ќе има годинава во Македонија. Тримесечната прогноза покажува дека постои голема веројатност температурата за зимскиот период  да биде повисока од просечно многугодишната за периодиот 1981-2010 година.zima

Поголема веројатност за повисоки вредности од просечната постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3 степени, информира Управата за хидрометеролошки работи врз основа на материјалите превземи од Европскиот Центар за среднорочна прогноза на времето во Рединг и Виртуелниот Центар за климатски промени за Југоисточна Европа.

Во овој период се предвидува количеството на врнежи да биде во границите на повеќегодишниот просек.

– Просечната температура за зимата измерена во Македонија е во опсег од -1,5 во Маврово до 5 степени целзиусови во Гевгелија, а врнежите од 90 милиметри во Штип до 318,9 во Лазарополе. Изгледите за потопла и просечно влажна зима не ја исклучуваат веројатноста за појава на одредени периоди со постудено, суво односно влажно време со изразени отстапувања од вообичаените просечни вредности на температурата и врнежите, се вели во соопштението од УХРМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1