Какви бенифиции му следуваат на Груевски?


Шестмина бодигарди, службено возило и шофер. Ова му следува на Никола Груевски според законот по заминувањето од премиерската функција.gruevski sobranie

Обезбедувањето ќе биде од редовите на единицата за обезбедување на лица и објекти од МВР, додека шоферот и возилото сам ги бира.

Со измените на законот за Влада кои беа изгласани на почетокот на 2013 та година екс претседателите на владата ги добиваат овие бенифиции.

Обезбедувањето се избира од страна на претседателот на Владата на кого му престанала функцијата. Тој ова право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата и започнува да го остварува од денот по престанување на функцијата.

 Телма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1