Какви лекови пиеме? Кафетин колд со 2 датуми – истечениот рок на траење прелепен (Фото)


„Кафетин колд“ пакетче со два датума. Оваа фотка се шерува на ФБ и според тврдењето пакетчето има вистински рок до 12.2013, но покриен со етикета на која пишува дека датумот на траење е 12.2014.

1497669_10202636059122585_677217227_nНа фотографијата се гледа дека врз оргиналниот рок има прелепено нов – продолжен рок за цела една година. Во време на вируси кога овој е еден од лековите кои најчесто се користи – Една од најмоќните компании во земјава , „Алкалоид“ , ќе мора да им објасни на своите консумери што всушност им продава – пишува под фотографијата на фејсбук

Според некои информации рокот на Кафетин Колд бил продолжен во сите земји каде се продава за 1 година. и ова било информирано од Алкалоид – еве што се велело во нивното соопштение

Промената е извршена согласно со одобрението од Бирото за лекови  издадено согласно со ЕУ-правилникот. извршена  промена на рокот на траење од две на три години е на сите досега  произведени серии кои се во промет. Рокот на  траење на сериите кои се во промет е заклучно со 12/2014 година. Истата  промена е направена во ЕУ-пазарите согласно со ЕУ-процедурата .
Сепак потрошувачите се прашуваат ако ваквото прелепување и продолжување на роковите како ќе им текне на производителите стане пракса – како ќе знаат кој е вистинскиот рок на лековите и како да се заштитат од измамниците кои своеволно ги прелепуваат датумите?

1497669_10202636059122585_677217227_n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1