Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде .умерено облачно со сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста која ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 0 до 11 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 17 степени.
Во Скопје во понеделник умерено облачно со сончеви периоди, доцна попладне и навечер со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 14 степени.
Во деновите кои што ни следуваат Македонија постојано ќе биде зафатена од продор на циклонски циркулации од Медитеранот кои ќе условат нестабилни време со врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Во вторник и среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и максимални температуриод 9 до 17 степени во вторни, односно од 7 до 15 во среда.
Во четврток умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и максимални дневни температури од 5 до 13 степени. На планините со врнежи од снег. Во петок облачно со врнежи од дожд и свежо време. Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 степени, а на планините со врнежи од снег.