Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?


Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и со пад на дневните температури.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 21 степен.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

СКОПЈЕ

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура од 11 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Од петок не очекува период на стабилно време со пораст на дневните температури.
Во петок по свежото утро и утрински температури кои ќе се движат од 3 до 13 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Максималните температури до 15 односно до 25 степени.

Во деновите од викендот не очекува сончево и потопло време иако утринските ќе бидат сеуште ниски и ќе се движат во интервал од 2 до 14 степени. Максималните дневни температури до 19 односно до 31 степен.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните температури од 22 до 32 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1