Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб, а на повисоките места умерен ветер, претежно од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 1 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен повремено и засилен јужен ветер.