Калајџиев: Јовески незаконски ги презема предметите на СЈО – Дајте да го видиме тоа писмо од Катица


Преземањето на предметите од СЈО од страна на Јавното обвинителство е незаконско, тврди професорот по кривично право од скопскиот универзитет Гордан Калајџиев за Детектор.

“Нека пробаше Зврлевски да ги земе предметите на СЈО пред една две години. Тоа беше невозможно. Кога дојде новиот обвинител тој исто така се изјасни дека е многу проблематично и правно и практично да ги преземе тие случаи. Писмото не го видовме. Дајте го писмото да го видиме. Јас сум убеден дека писмото е проблем. Како сакате вие да имате доверба во систем во кој што корупмпиран обвинител во согласност со власта ја решава судбината на огромен број случаи и на целата прикаска со бомбите. Тоа не може да издржи. Тоа кај јавноста не може да издржи. Луѓето си викаат како бе оваа од притвор му ги дала предметите. Она ли е, не ли е, смее ли, не смее. Кај луѓето однапред таа е жигосана со самиот факт дека е осомничена во еден таков предмет, дека е сериозно инволвирана“ – вели Кајалџиев за Детектор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1