Калиопи вчера била успешно оперирана во Швајцарија. На поп – пејачката и била извршена интервенција за разбивање на бубрежен камен со ESWL метода.
Во соопштението уште се наведува и дека Ромео Грил, поранешниот сопруг на Калиопи, инсистирал таа да замине на лекување во Швајцарија и го организирал нејзиниот престој таму.
„Без оглед на нејзините постоперативни болки, таа се уште жали заради одложените концерти и неможноста да им се оддолжи со песна на своите фанови, кои овие денови ја опсипаа со зборови на поддршка за успешно и брзо закрепнување“, велат од менаџерскиот тим на Калиопи.
Според зборовите на урологот, Калиопи веќе утре може да ја напушти болницата и да оди на закрепнување во кругот на своите најмили.