Калиопи во врска со познат хрватски бизнисмен?


Kaliopi 1

Калиопи има нова љубов, а според хрватските медиуми, тоа е хрватскиот бизнисмен и џет-сетер Јосип Радељак, за кого се збори дека спие на пари, ама дека и често ги менува дамите околу себе.
Порталот „Индекс.хр“ пишува дека двојката поминува многу време заедно  и дека меѓу нив дефинитивно има нешто повеќе од пријателство.
Иако новинарите се обиделе да дознаат нешто повеќе за оваа нова љубовна врска, тој само накратко им рекол дека не сака да коментира и да разговара со нив.
dikan-fejsПорталот пишува дека Радељак неодамна ја прекинал врската со актерката Долорес Ламбаша и дека Калиопи се развела од својот 13-години помлад маж.
Инаку Радељак бил во брак со хрватската Грејс Кели, актерката Ена Беговиќ, која загинала во трагична несреќа. Имал уште два брака, со пејачката Влатка Покос, која ја избркал од станот, а прва жена му била актерката Беба Лончар, која поради страв од него, се вратила во родната Србија.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1