Калуѓерките кои се борат за легализација на марихуаната


Група калуѓерки се борат за да ја задржат легалноста на травата во Калифорнија.

„Сестрите од Долината“ произведуваат производи на база на канабис кои потоа ги продаваат во нивната Etsy продавница. Од нивните продукти нема да се надувате, ама ќе добиете добар алтернативен лек.kalugjerki marihuana

Сестрите моментално имаат проблем бидејќи градот Мерсед (каде што живеат) донесе закон со кој се забранува медицинската марихуана. Иако травата е легална во Калифорнија, гувернерот им дозволува на сите градови сами да ја регулираат употребата на канабис.

Затоа калуѓерките започнале петиција во која велат дека „канабисот е култура, а државата Калифорнија не треба да му го врти грбот на најефикасното медицинско растение на Мајка Природа“.kalugerki2

Како што моментално стојат работите, ако сестрите продолжат да ги произведуваат производите од канабис, ќе го прекршат законот. И покрај калуѓерството, сестрите не се поврзуваат со ниедна религија.

Се опишуваат како „духовен поредок“, и веруваат дека канабисот има посебни исцелителни и духовни квалитети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1