Овие познати личности ја лажирале сопствената смрт


Низ историјата лажирањето на сопствената смрт се случувало, особено кај познатите личности. Еве неколку од нив:lazirana smrt

Фридрих Гулда

Иако беше еден од најпочитуваните пијанисти на 20 век, Гулда во еден момент почувствувал потреба да “умре“ за да провери колку е популарен. На весниците им пратил соопштение за својата смрт, најавувајќи посебен концерт во чест на големиот пијанист. Многумина присуствувале на случувањето, па биле прилично изненадени кога Гулда лично излегол на сцената да настапи.

Кен Киси

Авторот на “Лет над кукавичјото гнездо“ ја лажирал својата смрт за да побегне од затвор поради поседување на марихуана. Заедно со своите пријатели организирал бегство во Мексико, а неговиот автомобил заедно со проштално писмо го турнале од карпа. Се вратил после осум месеци, па повторно бил уапсен, по што пет месеци поминал во затвор.

Тимоти Декстер

Американскиот “чудак“ од Масачусетс станал познат благодарение на својата книга без ни една точка во речениците. Сепак, најчудната работа била лажирањето на својата смрт за да ги види реакциите на луѓето. е.

Дејвид Фридленд

Американскиот политичар обвинет за рекетирање, спас побарал во лажирањето на смртта. Облекол нуркачко одело и влегол во океанот на Бахамите. Никогаш не излегол, по што е заклучено дека смртно настрадал. После тоа, инспекторите следеле сомнително лице во Кенија, Париз, Сингапур, за на крај да го уапсат Дејвид на Малдивите.

Филип Сесарего

Автор на книгата “Jihad! The Secret War in Afghanistan“, која стана бестселер. Инаку британски војник кој ја лажирал својата смрт во експлозија на автомобил во Хрватска. После тоа го променил името и започнал да живее сосема нов живот во Англија. Пронајден е задушен во својата гаража.

Џон Стоунхаус

Уште еден британец, политичар, кој одлучил да ја лажира сопствената смрт поради лоши финансиски одлуки. Својата облека ја фрлил во река и така е претпоставено дека се удавил. Пронајден е во Австралија неколку месеци подоцна, благодарение на банката која забележала дека парите се движат помеѓу него и непознат човек, неговиот нов идентитет.

Џон Дарвин

Дарвин и споругата Ана завршиле во големи долгови, а тогаш Џон одлучил да ја лажира сопствената смрт за Ана да ги добие парите од осигурувањето. Планот бил успешен во 2002 година, а во 2007 година бил фатен благодарение на законот во неговата нова татковина Панама, кој наложува дека матичната земја мора да го докаже неговиот идентитет. На Џон не му преостанало ништо друго освен да се предаде на лондонската полиција. Се обидел да се објасни дека има амнезија, ама не му успеало.

(Извор: Mojo.mk)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1