Девет републички обвинители, меѓу кои и Државниот Љубомир Јовески ќе одлучуваат за барањето на главниот осомничен во истрагата „Империја“ Орце Камчев кој бара времен пасош. СДК.МК пишува дека камчев го бара времениот пасош на 12 месеци.
Моменталниот времен пасош за рок од 6 месеци што му го даде Катица Јанева додека беше специјална обвинителка, му истекува утре, 8 ноември, па сега тој бара времен пасош на една година.
Судот веќе го препратил барањето на Камчев до ОЈО за организиран криминал и корупција. Но, поради сложеноста на предметот „Империја“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Републичкото обвинителство, барањето ќе се реферира и најверојатно ќе се одлучи за него кај нив.