Камчев чека одлука од Апелација, одбраната на Мијалков се надева на позитивно мислење од СЈО и за него


Од Специјалното јавно обвинителство одговорија позитивно на барањата за Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ мерката притвор да им биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор. За Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“, сè уште нема дадено мислење.

СЈО одговори позитивно и на барањата на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, обвинети во случајот „Титаник“, мерката притвор да им се замени со куќен притвор.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, изрази очекување дека СЈО ќе донесе позитивна одлука по барањето за ослободување од притвор на екс-директорот на УБК.

„Кога се нуди гаранција, истата се нуди за бранење од слобода, а не за куќен притвор. Каков ќе биде ставот на Обвинителството не знам, но очекуваме целосно да биде ослободен. Во секој случај подобро куќен притвор, отколку затворски“, рече Шврговски.

Обвинетиот Мијалков побара ослободување од притвор со замена на поблага мерка, со гаранција од 1 милион евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1