Камчев како сведок даде исказ пред Рускоска


Бизнисменот Јордан Камчев, кој обвини дека бил рекетиран од Бојан Јовановски -Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, по што Обвинителството го отвори случајот „Рекет” денеска даде исказ како сведок пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство.

Камчев ги обвини Боки 13 и Кичеец дека го рекетирале, односно му ветувале укинување на мерката притвор, на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поврзани со предметот „Империја” во кој тој е осомничен. Потврда дека ќе биде ослободен дала и Јанева, според разговорите објавени на веб сајтот на италијанскиот весник „Ла верита” на кои се слушаше како му вели на Камчев дека „се ќе биде во ред”.

Јанева беше повикана на распит, а наредниот ден притворена. Од нејзиниот дом беше изнесен мебел, вреден околу 5.000 евра, за којшто таа е осомничена дека го примила како подарок. Триесет дневен притвор претходно им беше одреден и на Боки 13 и Кичеец. Во моментов сите тројца се наоѓаат во „Шутка”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1