Ќе направам се за овој договор да не дојде во парламентот. Но, ако договорот дојде во парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос повторувајќи го уште еднаш неговиот став дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот од Преспа дојде за ратификација пред грчките пратеници.
Во интервју за утринската информативна емисија „Добар ден Грција” на грчката телевизија Антена, коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата пред договорот да дојде во парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
– Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата, рече Каменос и објасни дека во тој случај, пред договорот да дојде на гласање, ќе треба други партии да се обврзат пред грчкиот претседател дека ќе влезат во владата како коалициони партнери.
Каменос повтори дека Независни Грци „имаат разјаснето дека ниту го прифаќаат договорот, ниту отстапувањето на термионот Северна Македонија”.