„Kаменот на среќата“ во велешко кренал на нозе многу деца


Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа црквата „Св. Недела“. И таа како и „Св. Петка“, „Св. Никола“, „Св. Јован“ е во опкружувањето на манастирот „Св. Димитрија“. Многумина доаѓаат и заради каменот на среќата. Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

kamen srekja– За овој камен знаеме по кажувањето на баба Деница кога бевме уште деца. Таа ни објаснуваше дека трипати треба да се мине низ него, низ овој отвор. Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за општа среќа. Треба да се мине трипати или еднаш. Овие места даваат помош, ама треба да се има и силна верба во Бога. Може да се дојде на посета по празникот Св. Јован Kрстител откако ќе се крстат водите, но никако во време на пости. Многу деца тој кренал на нозе – вели за Дневник посетителка, која умешно се спушташе низ тесниот отвор.

Некои од посетителите велат дека може да се замисли и некоја желба додека се минува низ камениот отвор. Сите храмови што се околу манастирот „Св. Димитрија“ се поврзани со некој мит, легенда дека се лековите преку водите.

Извор – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1