Дваесет и три годишно момче е повредено откако непознат сторител вчера каменувал автобус.
Полицијата информира дека инцидентот се случил во скопската населба Ченто кога при каменување на автобусот „55“ на ЈСП било скршено прозорско стакло. Од разлетаните парчиња со телеси повреди се здобил 23-годишниот Н.Н.
Полицијата работи на расчистување на случајот.