Каменуван воз во Скопје- повреден малолетник од Прилеп, веднаш бил префрлен во Ургентен


Прилепчанецот Н.Г.(1991) синоќа околу 22:00 часот е повреден откако возот, кој сообраќај кон Скопје, бил каменуван од непознато лице.vozkamenuvansk3-600x450

Како што информираат од МВР, синоќа во 22:00 часот по тргнување на  возот од железничка станица Лисиче во правец на железничка станица Скопје, поточно на влезот на железничка станица Скопје, во непосредна близина на зградите на ул.„Михаил Чаков“, од паркот пред зградите, од страна на непознато лице е извршено каменување на патничкиот воз бр.644, кој сообраќа на релација Битола-Скопје со моторна гарнитура број В 716-107 сопственост на Македонски Железници.

Од каменувањето, како што стои во соопштението од МВР, е скршено едно неподвижно стакло од наведената гарнитура, при што е повреден патникот Н.Г.(1991) од Прилеп, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1