Каменувани автомобили кои оделе на митинг


Петнаесетчлена група каменувала автобус во кој се превезувале лица кои патувале на митинг на политичка партија вчера во скопската населба Влае, соопшти Министерството за внатрешни работи.

policija-lenta-540x312Вчера околу 22 часот на бул. „Партизански Одреди” во Влае кај мостот „Влајко”, група од 15 непознати лица извршиле каменување на возила во кои се превезувале учесници на митинг на политичка партија.

Полицијата информира дека во инцидентот нема повредени лица, а оштетени се три возила.

По ова, групата се разбегала, а од страна на ПС Карпош се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1