Во нашето секојдневие секогаш се наоѓаме во некој момент кој би сакале засекогаш да го зачуваме во форма на фотографија или видео. Секако, во тој момент први до рака ни се нашите паметни мобилни телефони и нивните камери. Но набрзо по фотографирањето забележуваме дека не е онака како што посакуваме и помислуваме колку би било одлично доколку имаме професионален фотограф со нас. Со новиот Galaxy S8 оваа улога можете да ја превземете вие!
Новиот Galaxy S8 е опремен со напреден 8MP F1.7 паметен автофокус на предна камера и 12MP F1.7 Dual Pixel на задна камера за најдобри фотографии во услови на слабо осветлување, најдобар зум и заштита од заматени фотографии и можност за нивна напредна обработка.
Со него можете да снимате и да фотографирате со резолуција од 12 мегапиксели (Dual Pixel 12MP AF). Видеоснимките се со висока резолуција, и тоа 1080 пиксели, со можност за 30 и за 60 фрејмови во секунда, во зависност од потребата. Камерата има бленда од 1.7, а дигиталното зумирање е до осум пати.
Исто така, камерата има вградено софтвер за автоматски фокус, за детекција на лице, за креирање забавени видеа, како и за креација на т.н. HDR снимки, со исклучително висок контраст на боите.
Истовремено, со овој паметен уред можете да фотографирате и снимате подеднакво добри фотографии и видео снимки и под вода, што го прави Galaxy S8 ваша совршена придружба на плажа.
Меѓу другото, на располагање ги имате најразличните филтри, сликички и печати кои можете да ги нанесете на вашата фотографија, правејќи ја уникатна. Со опцијата препознавање на лицето без разлика кој ефект ќе го изберете, тој одлично ќе се вклопи на лицето кое ќе го сликате, без разлика на тоа дали лицето е во движење.
Со сите овие карактеристики на едно место, новиот Galaxy S8 е дефинитивно уред со кој можете да направите одлични фотографии и видео снимки. Користејќи ја камерата на овој уред конечно можете да го зачувате секој момент и тоа со одличен квалитет во висока резолуција!