По повод најновиот филм „Освета на женски начин“, сите очи се вперени во актерките на овој филм, а најмногу на Камерон Дијаз која после бројните изјави кои ги даде, сега конечно призна дека била во врска со жена.
Дека ова не е воопшто за изненадување, говори и нејзината неодамнешна изјава дека секоја жена некогаш во животот чувствува привлечност кон друга жена.
Камерон изјавила и дека не жали што не нашла маж со кој ќе го помине целиот живот и дека е сосема задоволна од својот живот и годините.
Една од нејзините изјави беше дека не познава никој кој по природа е моногамен затоа што со луѓето владеат животинските инстинкти.
Во емисијата „Watch what happens live“ во понеделникот, таа призна дека била во сексуална врска со жена, меѓутоа повеќе детали не сакала да открие.