Камион прегазил жена кај Американската амбасада


bscap0007-9-

Камион удрил во жена која како пешак поминувала преку коловозот на булеварот „Никола Карев“ (позната и како пластичарска улица).

Несреќата се случила во 12:20 часот кога камионот ја удрил жената додека ја поминувала улицата. Повредената жена е пренесена во болница, а од СВР Скопје немаа информации за тежината на повредите, јавува Канал 5.

Сообраќајната полиција изврши увид на местото на сообраќајната несреќа, а по увидот камионот со полициска придружба замина од фреквентниот булевар по кој во времето на увидот сообраќајот се одвиваше отежнато.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1