Причината за неговото враќање од странство е снимањето на дуетската песна со Наум, која го носи името „Песна за верни другари“.
Андруш Ангелковски кој се прослави преку видеото во кое ја пее песната „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески моментално престојува во Македонија, пишува Вечер.
– Јас и Наум сме големи пријатели и го чувствувам како брат. Навистина сме блиски и на секое мое враќање дома го посетувам, откри камионџијата, кој во неколку наврати до сега има потенцирано дека повеќе милува кога го ословуваат со доктор, вели Андруш за Вечер.
Причината за тоа е многу едноставна.
– Јас не сум камионџија. Јас сум доктор затоа што знам да ги расположам и насмеам луѓето. Тоа е исто како да сум завршил медицински факултет, изјави Андруш во едно интервју.