Трагедија вечерва се случи во Берлин. Најмалку 9 луѓе загинаа и 50 се повредени, откако експлодира камион на божиќен пазар во една од нафрекфентните улици во германскиот главен град. Како што пренесуваат светските медиуми постои сличност со терористичкиот напад во Ница, Франција, каде што летово загинаа десетина луѓе.
Сведоци раскажуваат дека станува збор за огромен камион кој влетал во штандовите, а претходно поминал низ дел од градот во кој е многу тешко да се дојде со моторно возило.
Местото каде влетал камионот е целосно одвоено од сите сообраќајници- се наоѓа меѓу две прометни улици и во близина на црква, што ги подгрева сомнежите дека се работи за намерен инцидент.