„Камионот на смртта“ во Берлин сличен како оној во Ница


Трагедија вечерва се случи во Берлин. Најмалку 9 луѓе загинаа и 50 се повредени, откако експлодира камион на божиќен пазар во една од нафрекфентните улици во германскиот главен град. Како што пренесуваат светските медиуми постои сличност со терористичкиот напад во Ница, Франција, каде што летово загинаа десетина луѓе.nica-berlin-640x375

Сведоци раскажуваат дека станува збор за огромен камион кој влетал во штандовите, а претходно поминал низ дел од градот во кој е многу тешко да се дојде со моторно возило.

Местото каде влетал камионот е целосно одвоено од сите сообраќајници- се наоѓа меѓу две прометни улици и во близина на црква, што ги подгрева сомнежите дека се работи за намерен инцидент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1