Камп за бегалци или прифатен центар за бездомници, што ќе се гради на локација во Бардовци?


Документи според кои наводно ќе се гради бегалски камп во Општина Карпош кружат по социјалните мрежи. Според овие документи Агенцијата за планирање на просторот бара од Карпош податоци и информации за просторот на кој е предвидено да се гради прифатен центар за странци.

Се работи за голема површина во Бардовци, за која според овие документи Агенцијата веќе ја отпочнала постапката. Оваа информација ја вознемири јавноста и предизвика голем број реакции, на што од Општина Карпош демантира дека до овој момент нема примено никаков допис во вид на барање за доставување на државно урбанистичко планска документација за прифатен центар.

– Целосно ги демантираме информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека ваков прифатен центар ќе се гради во Бардовци. Општина Карпош исклучиво опстојува на определбата за плански развој на локалната самоуправа, а прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на било кој друг дел од Карпош.

По документите, реакција пристигна и од министерката за труд и социјална политика. Таа тврди дека ВМРО ДПМНЕ шират лажни вести и ги повика граѓаните да не веруваат во овие информации. Царовска тврди дека бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во земјава.

,, Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бедомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја на улица. “ стои во реакцијата на Царовска .

Мила Царовска нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, таа има проблем со реалноста. Реалноста вели дека на овој документ тука, пишува државна урбанистичко планска документација за прифатен центар за странци. Не пишува за бездомници, пишува за странци. Со тоа што би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ не манипулира, не шири лаги и невистини. Единствено кој што сака да манипулира, а тоа е Мила Царовска и со тоа се обидува да ја навреди и да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Граѓаните го видоа овој документ и јасно се гледа од таму кој шири лаги и невистини, изјави денес Арсовски како одговор на обвинувањата на Царовска дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини во врска со бегалските кампови, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Се огласија и од СДСМ .. еве го нивното соопштение

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и злоупотребува хумани решенија, не се прават кампови за мигранти туку се обезбедува сместување за бездомни лица

По кој знае кој пат денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести.

Сите надлежни институции, Министерството за труд и социјална политика, општина Карпош, ги демантираа лажните документи и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти.

Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата, преку едно хумано решение, трајно им обезбедува дом на повеќе од 80 лица кои живееја на улица.

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и злоупотребува хумани решенија.

Бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во Република Македонија. Оваа е стара лага на ВМРО-ДПМНЕ.s

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1