Кампањата за референдумот почнува во понеделник


Од понеделник Собранието и официјално влегува во кампања. 71 пратеник имаат на располагање нешто под 770 илјади евра за да ги потрошат на 65 телевизии и радија кои испратиле свои ценовници до ДИК за да ги убедат граѓаните да гласаат на референдумот.
На портали и во весници, Собранието нема да се рекламира. Средствата главно ќе се трошат за медиумска промоција на активностите кои и во моментов се одвиваат низ Македонија.

Што ќе се пушта по телевизиите ќе одлучува координативното тело на дневна основа според материјалите кои ќе ги добијат од пратениците. Собранието своја пропаганда по повластени цени ќе може да пушта по околу 5 минути на секој час.

Џафери најавува транспарентна и недскриминирачка кампања

Џафери уште еднаш потенцираше дека пратениците нема да добијат пари во кеш, туку собранието за нив ќе закупи простор

Џафери потенцираше дека сите пратеници можат да водат и сопствена кампања надвор од онаа на Собранието но дека за неа, ќе треба да издвојат сопствени средства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1