Канада дава визи за сите


Канада од почетокот на идната година воведува експресни визи кои треба да и го решат проблемот на земјата со недостатокот на квалификувана работна сила.Kanada-viza

Тоа е всушност промена на имиграциската политика врз основа на која Канада работи во изминативе 18 месеци, односно системот на Expression of Interest се заменува со експресна виза што претставува побрз начин Канада меѓу имигрантите да ги селектира оние кои поседуваат соодветни вештини и знаење потребни за сопствената економија.

„Ќе можете да донесете своја проценка и понуда за работа и преку Express Entry системот да се осигурате дека личноста која ви треба ќе дојде во Канада како имигрант, а не привремен странски работник. Значи, не како некој кој тука е со несигурна иднина и кој веројатно ќе си замине, туку како вистински имигрант во Канада”, изјави канадскиот министер за имиграција Крис Александер.

Системот би требало да функционира на тој начин што кандидатите  пред да дојдат во Канада би искажале интерес за тоа со што би сакале да се занимаваат. Потоа државата ќе им постави сет на прашања врз основа на кои треба да направи евалуација за профилот на имигрантот и истиот да му го понуди на пазарот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1