Засега непознат жител на канадската покраина Квебек доби премија од 15 милиони канадски долари (11,6 милиони американски долари) на националната игра на среќа „Лото Макс“.
Претставник на организаторот на играта „Атлантик Лотери“ соопшти дека засега не е познато во кој град во Квебек е уплатено добитното ливче.
Досега најголемиот џек-пот во историјата на Канада во износ од 64 милиони канадски долари (49,5 милиони американски долари), беше доделен на лотото „6 од 49“ во октомври 2015 година.