МВР: Тепачка во Шутка и три фотографирања на гласачко ливче ВИДЕО


Досега не се регистрирани поголеми нарушувања на гласањето од вториот круг на локалните избори освен четири поединечни случаи, соопштија од МВР.

Три од случаите се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче. Еден е регистриран во Шуто Оризари, друг во скопската населба Црниче и третиот во Пробиштип. Во првиот круг, вакви инциденти имаше десет во цела Македонија, а од полицијата испратија порака до граѓаните да не ги фотографираат ливчињата зашто го кршат законот и за тоа секој ќе биде соодветно казнет.

Четвртиот случај што го регистрирала полицијата е тепачка во Шуто Оризари каде еден граѓанин пријавил дека го нападнале неколку лица.

– Полицијата излегла веднаш на терен при што во полициска станица е приведено едно лице. Се работи на целосно расчистување на случајот – изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој апелираше до политичките партии да се воздржат од какви било инциденти зошто МВР нема да ги толерира, а испрати и апел до граѓаните ако забележат да пријават какви било нерегуларности.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1