Канал 5: Трактористот им ветил на родителите дека ќе ги чува децата


Канал 5 телевизија разговарала со таткото на едно од повредените деца. Никола Јордановски за Канал 5 вели дека насмевката на ќерката која заминала на кобниот првомајски пикник е најсвежата слика за него кога ја испратил ќерката со другарките.

tatko240Неколку часа подоцна Никола во Ургентниот центар во Скопје го чекал докторот да му каже дали неговото чедо ќе преживее, јавува Канал 5.

-Добра е има вртоглавици, ама страшно е, вели татко на повредено девојче за Канал 5.

Тој раскажал дека неколку девојчиња заминале со 63 годишниот возач на тракторот и неговата сопруга на пикник.

-Човекот кој е дедо на две деца ги однесе со цел да внимава на нив. Требаше да пази на нив, ама ете кој да знае, растревожено раскажувал Јордановски.

Три деца се во критична состојба.  За сега стабилна е состојбата на 13 деца, едно девојче е во градската болница Наум Охридски.

Извор/фото: Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1