Веб страната на Канал 5 вчеравечер три часа беше нападната од најобемниот хакерски напад до сега. Точно не се знае од каде бил нападот, ај ти техничарите од провајдерот Близу велат дека нападот бил од непознат број на компјутери од целиот свет.
Точните ај пи адреси било многу тешко да се откријат. Веб страната вчера вечер по 21 часот беше комплетно блокирана и недостапна. Хакерскиот напад бил директно насочен кон веб страната на Канал 5.
– Нападот беше од голем обем, се случи некаде после 21 часот и по интервенција на екипите на Близу по три часа го прекинавме нападот. Нападот доаѓаше од компјутери од секаде низ светот – изјави Горанчо Атанасовски, ИТ администратор во Близу, за канал 5.
Вакви хакерски напади се случуваат се почесто, но од овој обем и толку засилени како овој кон Канал 5 се поретки, велат од Близу. Моментално хакерскиот напад се уште трае но, од провајдерот велат дека се блокирани сите напади, а веб страната на Канал 5 е достапна и нормално функционира.