Јанко Бачев реагира на ставот на Канал 5 дека во иднина вратите за него во телевизијата се затворени, поради грубата злоупотреба на крајот од гостувањето во ,,Само вистина”, со ширење на говор на омраза кон странците и Албанците.
Јас не искористив никаков момент оти поводот не беше мое самоиницијативно произнесување, туку, реакција/реплика на кажаното од мојот соговорник кој на крајот на емисијата во омаловажувачка конотација ги спомна земјите од Евроазиската унија и групата БРИКС, пишува Бачев за навредите кон Јункер, Рот и Меркел.
Бачев најдува оправдување и во навредливиот опис за Алабнците..
-Соговорникот во емисијата самиот рече да го викам Шиптар и дека тоа не е навредливо и дека со задоволство ќе сведочи во моја корист во врска со кривичната пријава против мене за тоа што во друга прилика сум го кажал зборот „Шиптар“. – пишува Бачев и додава дека најавата дека веќе за него нема место на програмата на Канал 5, ја смета за дикриминација на политичка основа..
Канал 5 телевизија и во ова прилика го реафирмира ставот дека за Бачев и таквите како него што го злоупотребуваат етерот за ширење на омраза, нема место на нашата програма.. Тоа не е ниту забрана, ниту дискиминација, туку уредувачка политика со која сакаме да го заштитиме јавниот простор од потпалувачки и навредлив говор – една од клучните улоги на медиумите во демократските општества.