Хаос на ааеродромот во Брисел – штрајкуваат носачите на багаж


Денеска на аерсдромот во Брисел се откажани 150 летови поради штрајк на носачите на багаж.

Носачите на багаж бараат подобри услови за работа и затоа стапија во штрајк што го парализира аеродрмот во Брисел . Илјадници патници останаа да чекаат , бидејќи аеродромските власти не бае подготвени за прекинот на работата на носачите.

Синдикатот не го најавил штрајкот , кој почнал синоќа со откажани 50 летови. Аеродромот обезбеди хотелско сместување за околу 300 патници , кои биле приморани ноќта да ја минат на аеродромот.

Се очекува бројот на откажани ллетови од 150 дополнително да се зголеми.

Штрајкот на носачите на багаж влијаеше вра работата на 29 авио компании , но не и на белгиската авиокомпанија Брисел ерлајнс , која користи услуги на друга компанија за пренос на багажот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1