Канческа-Милевска: Со уништување на културата не се доаѓа до избори, граѓаните не можете да ги изманипулирате и излажете


Кога ќе направам паралела во времето на владеење на СДСМ и непочитувањето и немањето совест и грижа за културата, за историјата, реализација на бројни проекти и така натаму, гледам дека повторно се случува тој неодговорен однос кон културата, историјата, вредностите кои ги поседуваме како држава.kanceska-tv-nova

Ова го истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во интервју за ТВ Нова, говорејќи за уништувањето на културните обележја и непочитувањето на историјата и вредностите на Република Македонија од страна на СДСМ.

-Да посегнете кон сето она што е создавано со генерации, кога станува збор за нашите предци, историја, борба за независна Македонија, се што имаат оставено зад нив и делата кои ќе ги создаваат новите генерации, повторно се гледа тој еден неодговорен однос кон сопствената култура,истакна Канческа-Милевска.

Како што истакна министерката, разочарана е од уништувањето на делата на нашите уметници, уметност која се создава и остава некој белег за одреден период и генерација.

-Таа почит која мораме сите да ја имаме и негуваме сопствената култура. Од една страна гледате одредено здружение кое е поддржано од СДСМ, кои сакаат на нелегитимен начин да дојдат на избори. Верувајте, на избори и добивање власт на еден ваков начин е неприфатлив. Никаде во светот не може да видиме таков начин со деструкција и насилие да се дојде на власт. Да понудиме разни иницијативи, проекти, да дебатираме… јас не видов до овој момент ниеден конструктивен предлог, не само во областа на културата, туку и во другите области каде може да видиме нешто да се направи подобро, да се даде иницијатива. На ваков начин не се доаѓа до избори, граѓаните не можете да ги изманипулирате и излажете. Секој сака во одреден предизборен период да се понудат проекти, а нешто што е карактеристично за СДСМ се тие некои декларативни заложби, каде што сметам дека времето помина на тие заложби. Се бараат конкретни проекти, вложување и работа, потенцираше министерката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1