Кандидат за градоначалник вети дека ќе работи за 1 евро – цела плата ќе ја дава на студенти


ibrahimkolari

Доколку ми ја дадете вашата доверба и ме изберете за градоначалник ќе работам за едно евро годишно, а градоначалничката плата ќе им ја подарам на најуспешните студенти од Дебар, ова на вечерашната промоција го истакна Ибрахим Колари, незвисен кландидат за градоначалник на овој град, објави порталот економски

Колари,  три децении живее и работи во САД,  има свој бизнис, а повеќе од 10 години има и бизнис и во Дебар, лани беше прогласен за Филантроп на годината од дијапосрата. 

На своите сограѓани им вети правилно и доследно искористување на богаствата со кои располага општината, привлекување странски инвестиции, кои ќе му го вратат некогашниот имиџ на урбан град и еднаш засекогаш ќе стават крај на миграцијата на младите, условена од немањето можност за вработување.

 Izvor – Ekonomski

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1