Кандидатка за градоначалник призна дека била проститутка (Видео)


Линда Фондрен, кандидатот за градоначалник на Виксбург, во американската сојузна држава Мисисипи, призна дека таа била проститутка и дека нејзиниот сегашен сопруг бил еден од нејзините клиенти.

„Работев во легален бордел пред 30 години. Вистината е дека мојот сопруг ми беше клиент. Мојот сопруг и јас сме во брак 28 години. Имаше гласини, но не верував дека ќе се открие и дека денеска ќе го давам ова интервју“, изјавила Фондрен за една локална телевизија.

335097_linda-fondern_ff
Линда Фондрен се обидела да го избегне признанието и дури ги отфрлила тврдењата на новинарте за нејзината поврзаност со легалната јавна куќа во Невада.

„Тоа се гласини, а политиката е професија во која луѓето се подготвени да направат се за да ги прошират гласините за другите, наместо да дискутираат за проблемите, за она што најмногу се загрижени жителите“, изјавила Линда.

Нема да ја поддржи легализацијата на проституцијата ако победи. Денис Хоф, сопственик на „Мунлајт бани ранчот“, легален бордел во Карсон Сити во Невада, смета дека поранешната кариера на проститутка не е причина да некој биде исклучен од листата на кандидати.

„Жените кои легално се занимаваат со проституција, создаваат кариера во областа на медицината, правото и образованието, а финансирањето на самото образување го плаќале со парите кои ги стекнале во периодот додека работеле во јавните куќи. Не би можела да бидам погорда на нејзиното достигнување и искрено верувам дека Линда Фондрен, се занимава со легална проституција во Невада, каде што ја стекнала работната остроумност, за да стане доста успешна градоначалничка“, вели Хоф Фондрен која исто така се занимава со проституција за да може да се издржува, откако нејзината мајка починала, а таа затруднела на 14 години.

„Го мразев тоа“, вели Фондрен и додала дека не би ја подржала легалната проституција доколку биде избрана. Откако престанала да се занимава со проституција се преселила во Виксбург.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1