Капакот на тоалетот мора да се спушта – бактерии летаат и до 2 метри


Микробиолозите велат дека од тоалетната шолја која не е поклопена може да излезе облак од микроскопско ситни бактерии кои се спуштат на блиските површини.

Safeseat-Toilet-seatТие спровеле истражување за патиштата на ширење на болестите. Користеле стелиризиран тоалет и го инфицирале со болничката супербактерија C. difficile.

Ако капакот бил кренат во текот на пуштањето на водата, бактеријата се ширела по просторијата и се наоѓала во воздухот и 90 минути по првото пуштање вода. Иако бактеријата поминала и преку ивицата на поклопената школка, нејзината концентрација во воздухот била далеку помала.

Кога капакот бил кренат, бактеријата се нашла на сите површини, а кога бил спуштен, само лево и десно од тоалетната школка.
Тоа го зголемува ризикот од ширење на вируси, предизвикуваат напади на повраќање или пречки во варењето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1