Капушевски: ќе предложам Лирија да добие 3 години забрана во сц „Борис Трајковски“


Последното четвртфинале од 21 издание во Купот на Македонија мина во сенка на дивеењето и навредите на национална основа од страна на двете навивачки групи на Куманово и Лирија. Мечот беше во прекин речиси два часа а по неговото одржување беше одржана средба со новинарите на која главна тема беше токму овој инцидент.

Kapusevski-2-e1353682502491

Првиот човек на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, беше разочаран од настанот и најави голема санкција за учесниците во оваа случка.

„Арената Борис Трајковски е национална спортска арена во Република Македонија и во неа нема место за некој што има други претензии освен спортско и фер навивање. Денеска (петок – н.з.) од страна на навивачите на Лирија беше децидно прекршен Законот за спорт и законот за пушење во спортски сали, јас во понеделник пред Одборот ќе предложам навивачката група на Лирија да биде казнета со тригодишна суспензија од присуство на натпревари во нашата арена.

Оваа санкција претходно е изречена на повеќе правни субјекти и веруваме дека е вистински начин за да се справиме со овој вид на проблеми“, изјави Капушевски.

prekin kumani2 golemaСвое разочарување изрази и претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски, кој истакна дека пред стартот на Купот одржале два состанока со цел да се предупредат учесниците дека најсериозно ќе биде санкционирано националиситичкото навивање.

„Очигледно сета превенција не била доволна тоа да се спречи. Ние како МКФ сме подготвени да се фатиме во костец со вакви проблеми.

Ова не е прв пат. Сигурен сум дека нема да биде ни последен. Живееме во време исполнето со многу тензии што немаат ништо заедничко со спортот и живеејќи во такво време се обидуваме колку што можеме да се справиме со тие појави.

Ние како федерација нема да потклекнеме пред тие појави што немаат ништо заедничко со спортот, нема да ја погазиме кошарката и иднината на оваа наша мила држава. Спортот е нешто свето и сите ние го градиме со многу труд, енергија, емоции. Оваа арена овде е за спорт и ќе остане само за спорт, секој оној залутан што ќе дојде и ќе сака да ја злоупотреби за други цели, ќе наиде на одговор како овој денеска (петок – н.з.)“, коментираше Димевски.

Telma

ПОРАДИ НАЦИОНАЛИСТИЧКО СКАНДИРАЊЕ ПРЕКИНАТ МЕЧОТ КУМАНОВО -ЛИРИЈА – ЕДЕН НАВИВАЧ ПОВРЕДЕН
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1