Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, кое било разговарано вчера меѓу лидерите на Македонија и Грција, изјавил бугарскиот вицепремиер и претседател на ВМРО во Бугарија, за БТВ.
Слушнав за Илинденска Македонија, исто и за Вардарска, Северна… Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја – изјавил Каракачанов.
Тој изјавил и дека Македонија и Грција се на чекор до решение.
– Немаме претензии кон името на Република Македонија, сакаме само да не се игнорира историјата и да не се прогонуваат луѓето со бугарска определба во Македонија – рекол Каракачанов.