ВМРО-ДПМНЕ го повтори барањето за лидерска средба за разговорите за името


Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев за лидерска средба во врска со името. Шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна Влада лидерска средба. Шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името.

Очигледно се работи за нешто сосема друго и владата се обидува нешто да сокрие од јавноста!

Но она што можеше да се види во изминативе денови е нескриен отпимизам од грчката страна и тврдењата на Заев дека имало „некакви“ креативни решенија, без да соопшти за што станува збор. Заев кажа дека биле утврдени некакви опции што би можеле да бидат прифатливи. Кои се тие опции, дали тоа значи дека веќе се договориле? Или тоа значи дека се што грчката страна побарала Заев се согласил? Дали тоа значат преговори за Заев?

Во речникот на Заев повеќе никаде не можеме да го слушнеме предизборниот став за непромена на уставот и референдум за решение за името кое би било прифатливо и за кое би требало да се произнесат граѓаните на Република Македонија.

Оттука нејасно е дали ова е се уште став на СДСМ и Зоран Заев кој го ветуваа предизборно пред граѓаните?

Очигледно се купува време и се наметнува впечатокот дека се работи за решение кое би било договорено и подоцна целокупната јавност и граѓани би биле ставени пред свршен чин, Во меѓувреме главниот брифер на информации во Македонија се грчките медиуми.

Потсетуваме дека Зоран Заев нема никаков монопол, никакво суверено право над ова прашање, особено не да одлучува во името на сите граѓани и сите политички субјекти за најважното прашање за сите Македонци.

Зоран Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана.

Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме уште еднаш итна и неодложна лидерска средба каде освен носителите на преговарачкиот процес премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, би учествувале лидерите на политичките партии и претседателот на државата.

Владата не смее да ја држи државата, јавноста, граѓаните и медиумите во информативен мрак. Потребен е сериозен и зрел пристап.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1