Каракачанов: Не е време за старт на преговорите за Македонија


Бугарија останува на ставот дека ќе ги блокира македонските евроинтеграции. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов вчера во изјава за бугарската телевизија Европа вели дека ставот на бугарската Влада е дека не е време де се закаже првата меѓувладина конференција за Македонија со која и официјално стартува процесот на преговори за членство во Унијата.

Според Каракачанов, бугарските власти ја усволиле „рамковната позиција“ минатиот октомври како резултат на непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакнува дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, пренесува БГНЕС.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Тој упатува и критики кон поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека три години не е направено ништо за подобрување на билатералните односи, како и кон Драги Ѓоргиев, копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата, изјави Каракачанов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1