Карантински мерки за дел од скопските општини ако расте бројот на новозаразени од КОВИД-19


Скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Аеродром и Гази Баба, можно е да бидат ставени во карантин доколку во следните денови расте бројот на новозаразени граѓани од КОВИД-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција рече дека ваква одлука денеска не донеле, но ќе ги пратат бројките во следните денови и од почеток на следната недела ќе носат одлуки.

Воведувањето на карантинот, појасни, би било по примерот на Дебар, односно ограничување на движење во рамки на одреден дел од градот и земјата.

Филипче на почеток на следната недела ќе има одлука за отворање на границите, за државите кои најавија дека ќе ги отворат границите за нашата земја.

– Еден сериозен дел од ново дијагонстицираните пациенти по однос на анализата на епидемолошките анализи укажуваат дека мерките едноставно не се почитуват. Мора да се почитуваат мерките за да се враќаме во нормала, секаде во светот е тоа така, не може вечно да живееме со затворени граници. Огромна одговорност сега паѓа врз граѓаните и секако институциите коитреба да го контролират и санкционираат, изјави министерот Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1