Учебниците по историја и географија за основно образование ке бидат во фокусот на наредниот состанок на македонско грчки комитет , потврди амбасадорот Габер кој го предводи нашиот тим. Тој за Сител вели дека се уште не знае какви ке бидат конктретните барања на делгацијата на Грција, ниту пак е прецизиран точниот датум кога ке се сретнат експерите.
Во интервјуто пак за државната МИА габер објаснува дека очекува на сосстанокот да се отвори стручна дискусија за дефинирање на поимот иредентизам, бидејки во членот осум од Догвоорот од Преспа се предвидува тој да се избегнува не само во македонските туку и во грчките учебници.
Грција на претходниот состанок во Солун побара да се ревидираат сите содржини во учебниците во кои посотои иредентизам, да се исфрлат античко грчките симболи и да се отстранат сите мапи во кои се прикажува Голема Македонија.
Амбасадорот Габер се согласува дека предност треба да се даде на разгледување картите и симболи во учебниците, но притоа мора да се запазат мегународните стандард.
Она на што ние инсистираме е да се земе предвид меѓународното искуство, особено она што е кодифицирано во меѓународните документи како Совет на Европа и УНЕСКО, бидејќи тоа е наведено и во самиот договор и она што е современо ниво на научни сознанија во врска со третманот на оваа материја, вели во интервју за МИА, амабасадорот.
Габер посчува дека главната грчка забелешка за македонската нааставна програма се однесува на третманот на територијата како национална, но во исто време во нивните учебници не се споменува македонскиот народ или јазик, а се избегнува дури и теримнот Славомакедонци, кога се зботува за нашата нација.
Затоа решенијата и формулите кои ке бидат дел од учебниците објаснува амбасадорот за МИА мора да ја изразуваат реалноста и да бидат во согласност со Договорот, а во исто време да бидат е позитивни и цивилизациски, и да преставуваат нови искуство на балканските простори. Со иста став како Габер за државмната грчка агенција излезе и шефот на грчкиот тим Боларис.